Формирањето на Македонската Православна Црква и отпочнувањето на црковниот живот во Западна Австралија започнува во 1969 година, благодарение на неколку македонски семејства осознаени за задоволувањето на своите духовни потерби во своја Црква и на свој мајчин јазик.

Првите Свети богослужби во Перт ги богослужел Отец Методи Гогов (блажено упокоениот Архиепископ Охридски И Македонски Михаил). Отец Методи Гогов тогаш во својство Архиерејски Намесник во позајмени Црковни простории ги извршувал првите свети тајни – крштевки на македонски јазик во Перт. Отец Гогов во три месечниот престој ги посетил нашите македонски семејства во градот Менџимап и таму за жителите служел Свети Богослужби и Светиа Тајни по домовите на македонските иселеници.
Досегашни Парохиски свештеници при Црквата и Парохија на МПЦО “Свети Никола” во Перт биле:
• Отец Спасе Стефановски
• Отец ЃорѓИ Митрев
• Отец Мирко Пешовски
• Отец Стојан Пајковски
• Отец Веско Каранфиловски
• Отец Вaско Трајчевски (сегашен парохиски свештеник)
• Како псалт и подоцна свештеник во пензија Отец Александар Јовановски од село Орово помагал на Црковната Певница И Светиот Олтар.
МПЦО “Свети Никола” – Перт, Западна Австралија преставува единица на Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) и е нејзин составен и нераскинлив дел а прку МПЦЕАНЗ и Епархискиот Архиереј е нераскинлив дел од Мајката МПЦ со седиште во Република Македонија. МПЦО е под канонска и духовна јурисдикција на МПЦ.
МПЦО “Свети Никола” се раководи од Светите Канони, Уставот на Мајката МПЦ, Статутот на Епархијата, одобрениот правилник за работа од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ за работа на МПЦО и сите други епархиски и Црковни закони.
МПЦО “Свети Никола” е исклучиво Црковна, религиозна и културно-просветна установа и нема право да организира или подржува политички организации или групи штетни за угледот и афирмацијата на Црквата, државата Австралија, Западна Австралија и Република Македонија.
Највисоко тело- орган на МПЦО “Свети Никола” е Црковно- Општинското Собрание, кое избира Црковна Управа (ЦУ), која ја потврдува надлежниот Епархиски Архиереј.
На чело на Црквата и парохијата се старешината – парохискиот свештеник и Црковната управа со управниот одбор. Свештеникот заедно со ЦУ се раководат од Светите Канони, Уставот, Статусот и одобрениот правилник за работа. Свештеникот и ЦУ се во постојана грижа и ги исполнуваат потребните обрски кон Црквата и парохијата (Црковна Општина).
Христовата проповед им беше упатена на сите луѓе, а условот да се прими Царството Божјо е да се прифати Божјиот збор. Луѓето кои му поверуваа на Господа Исуса Христа и постанаа Негови ученици се Христовата Црква.
Целта и задачите на Парохиската Црква-парохијата, свештеникот и ЦУ се:
• Верниците да се издигнуваат верски, морално, културно и просветно со зајакнување на Христијанската љубов и почитување.
• Воспитување на парохијаните и верниците во духот на Светото Писмо – Евангелијата, Светото Предание, Светата Црква, Светата Литургија, Христијанството и религиозниот живот.
• Грижата кох старите незгрижени самци, сираци, разведени, посета на болни, со секаква потребна помош и поткрепа.
• Соработката со сите Цркви – Екумената во Западна Австралија.
• Соработката со државните институции и поединци од етничките заедници за севкупно добро на сите луѓе, воспитување на подобри верници во Црквата Божја, цврсто семејство, топол семеен дом и достојни граѓани во државата.