БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ) – ПЕРТ 2010
Во Перт, за Богојавление, продолжи традицијата која кај македонскиот православен христијански род се негува со столетија и традиција со која продолжуваат исконските, прадедовски обичаи.
На празникот Богојавление во Македонската Православна Црковна Општина “Свети Никола”, црква и парохија на 69 Ангов Стрит во Норт Перт, парохискиот свестеник протоереј Веско Каранфиловски отслужи утрена со Света Литиргија. Потоа следеше наддавање на Светио Крст, каде што од страна на старите кумови Милан и Биљана Трајковски по потекло од с. Маково, Мариовско, премина во семејството на Ламбе и Мирјана Попоски по потекло од с. Ложани, Струшко. После донацијата од верниците за светителите, се изврши осветување на кумството, а осветувањето на Богојавленскиот Водосвет се изврши во црковниот двор каде што верниците зедоа од светата вода за мир и благослов во домаќинствата.
После 11 часот започна Литијата, односно тргнување на местотоза фрлање на Светиот Крст Господов во водите на реката Сван. Како и минатите години,така и оваа беше организиран бесплатен превоз (со автобус) за сите оние на кои им беше најпотребна.
Иако празнувањето на Богојавление се погоди во работен ден, под убавите сенки на излетничкото место Матилда Бај Резерв, многубројни беа верниците кои го следеа и учествуваа во светиот чин – фрлањето на Светиот Крст во предходно осветените води на реката Сван. Оваа година празнувањето на овој празник беше збогатено со присуството на македонскиот амбасадор г-дин Перо Стојановски.
Од многубројните млади кои скокнаа во реката, најбрз и насреќен оваа година беше Стевчо Гагалески по потекло од родители од с. Мислешево, Струшко, кој доби пригодни подароци – златен крст со ланче, кое секоја година традиционално го подарува семејството на Миле и Лепа Дивјаковски и стерео-систем подарок од г-дин Косте Шулески со семејството.Додека сите учесници во фаќањето на Светиот Крст, беа дарувани со бели ризи од страна на женската секција “Жени Мироносици “ при МПЦО “Свети Никола”.
За помошта во успешното организирање на ова традиција, Црковната Управа при МПЦО “Свети Никола” изразува голема благодарност до 24- часовното радио 103.3 МАК ФМ, до радио-часот на Македонскиот Кулрурен Центар Илинден и до радио-часот на Македонската Народна Општина “ Вардар” за нивното навремено информирање, и до г-дил Љупчо Ковачевски и неговата компанија “Кова-Студио“ за озвучувањето на самото место. Голема благодарност и до г-дин Климе Јоновски – возачот на автобусот за неговата донација за тоа и безпрекорно извршената задача за безбедно превезување на верниците.
Милко Стојаноски
.......
ПРОЛЕТНА ЕКСКУРЗИЈА
Женската секција “ Жени Мироносици” при Македонската Православна Црковна Општина “ Св Никола “ од 69 Ангов Стрит,Нотр Перт, во Недела на 13 Септември 2009 година, како една од своите зацртани активности за оваа година, организира пролетна екскурзија до Ботаник Гарден во Ролинстон во северо-источниот дел на Перт.

Оваа екскурзија се организира во чест на 8 Септември Денот на независноста на Република Македонија и во чест на празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица).


Благодарение на неуморните активисти од оваа секција, како и помошта и донациите од 60те учеснички на оваа екскурзија, а посебно на Вера Маневска која го донира ручекот, зацртаните активности поминаа во најдобар ред. За доброто расположение допринесе и сончевиот пролетен ден кој како да беше порачан за тоа.



Женската секција Жени Мироносици и учесничките во оваа екскурзија изразуваат голема благодарност до возачот на автобусот г-дин Киро Наумовски за неговата донација за превозот и за совесно и сигурно извршената работа.
Целовкупниот приход од оваа екскурзија (над две илјади долари) е дониран за градба на нова соборна црква во Перт, Западна Австралија.
Милко Стојаноски
Перт, Западна Австралија
.......

Женската секција “ Жени Мироносици” при Македонската Православна Црковна Општина “ Св Никола “ од 69 Ангов Стрит,Нотр Перт, во Недела на 13 Септември 2009 година, како една од своите зацртани активности за оваа година, организира пролетна екскурзија до Ботаник Гарден во Ролинстон во северо-источниот дел на Перт.
Оваа екскурзија се организира во чест на 8 Септември Денот на независноста на Република Македонија и во чест на празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица).
Благодарение на неуморните активисти од оваа секција, како и помошта и донациите од 60те учеснички на оваа екскурзија, а посебно на Вера Маневска која го донира ручекот, зацртаните активности поминаа во најдобар ред. За доброто расположение допринесе и сончевиот пролетен ден кој како да беше порачан за тоа.
Женската секција Жени Мироносици и учесничките во оваа екскурзија изразуваат голема благодарност до возачот на автобусот г-дин Киро Наумовски за неговата донација за превозот и за совесно и сигурно извршената работа.
Целовкупниот приход од оваа екскурзија (над две илјади долари) е дониран за градба на нова соборна црква во Перт, Западна Австралија.
Милко Стојаноски
Перт, Западна Австралија
.......
Управа на МПЦО "Свети Никола"
БОГОЈАВЛЕНИЕ 2009 НА РЕКАТА СВАН ВО ПЕРТ
Во Перт, Западна Австралија, се празнуваше Богојавление ( Водици ) и се докажа дека живее традицијата присутна со столетија, дека живеат нашите исконски,прадедовски обичаи.
На празникот Богојавление во македонската Православна Црковна Општина “ Св. Никола “,црква и парохија на 69 Ангов Срит во Норт Перт, парохискиот свештеник протоереј Веско Каранфиловски отслужи утрена со Света Литургија. После тоа, следеше надавање на Светиот Крст, каде што од страна на старите кумови Кире и Цена Спирковски од Варош,Прилеп, премина во семејството на новите кумови на Милан и Биљана Трајковски од с. Маково,Мариовско.
После донацијата од верниците за светителите, се изврши осветување на кумството.А, осветувањето на големиот Богојавленски Водосвет се изврши во црковниот двор каде што верниците зедоа од светата вода за мир и благослов во домаќинствата.
После тоа, односно после 11.00 часот наутро започна Литија односно тргнување на местото за фрлање на Светиот Крст Господов во водите на рекара Сван.
Како и ланскта година,така и оваа, црковната управа обезбеди превоз со автобус за сите оние за кои им беше најпотребен.
Убавите сенки на паркот Матилда Бај Резерв, бистрите води на реката Сван и присуството на многубројните верници, со мислите не навратија во нашата убава Македонија.А, таму, како и ланската година, под тие убави сенки, г-динот Љупчо Ковачески веќе го имаше припремено озвучението без кое многубријните верници не ќе можеа да ја следат оваа незаборавна церемонија.
Овој пат, барем за накратко да не потсети на вечно убавиот Охрид, се погрижи г-дин Жан Петроски кој со својот брод го пренесе свештеникот протоереј Веско Каранфиловски за да го изврши светиот чин –фрлање на светиот крст во предходно осветенатите води на реката Сван.Оваа година,иако празнувањето на Богојаление се погоди во работен ден, сепак во водите на реката Сван скокнаа над 30 младинци.Најбрз и најсреќен оваа година беше Слободан Ставрески од с. Драслаица, Струшко, кому му беше подарен златен крст со ланче, кој секоја година традиционално го подарува семејството на Миле и Лепа Дивјакоски.Исто така,Слободан доби и пригодни подароци од МПЦО Св Никола и од верниците.
И овој пат, задачата за пренесување на верниците со автобус ,најсовесно и сигурно ја изврши г-дин Спасе Карамаковски
За сите оние кои не беа во можност да присуствуваат на овој светол чин се погрижи 24 часовното македонско радио, кое директно вршеше пренос преку брановите на 103.3 МАК ФМ и со секојдневите рекламни пораки допринесе да оваа повеќевековна традиција биде масовна.
Милко Стојаноски
Пред Божикни припреми и Божикно празнување
во МПЦО Свети Никола


